Еди Рама остро возврати на обвинувањата на неговиот политички опонент

Премиерот Еди Рама остро реагираше на обвинувањата на неговиот политички опонент, лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој гостувајќи во телевизиска емисија ги обвини властите дека го кријат реалниот број на смртни случаи од Ковид-19.

-За невиденото обвинување на Љуљезим Баша, кое директно го нарушува моралниот и професионалниот интегритет на докторите од првата борбена линија и поттикнува насилство врз нив, утре ќе им се обратам на Албанците со директна порака.Отиде многу, многу далеку од која било цел на ниска дневна политика и тука веќе не е едноставно прашање да се зборува за неодговорен актер,напиша Рама на Фејсбук.

Додава дека денес ја искажал целата негова солидарност и поддршка за професорката Најада Чомо,началник на Инфективната клника и целиот нејзин пожртвуван тим.

-Со огромна благодарност и признание се поклонувам пред нивниот секојдневен труд девет месеци по ред, и им кажував дека историјата на албанската медицина ќе зборува за нив кога Љуљзим Баша и останатите од мизерниот свет на клевети и озборувања,ќе им се заборави името, углед и белег,порача Рама.

Обвинувањата на Баша ги отфрлија и здравствените работници од ковид болниците, но како што пренесуваат албанските медуми, молчат од болнчките мртовечници.

Повикувајќи се на „ сигурни извори” Баша обвини дека во периодот март-октомври од Ковид-19 почнале 923 а не 509 лица како што официјално потврдуваат властите. Додаде дека за сите починати располага со лични податоци,денот на прием и денот на смртта. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот