Еди Рама од Брисел со фото-порака (ФОТО)

Фејсбук/Еди Рама

За време на неговиот престој во Брисел, албанскиот премиер Еди Рама реализираше средба со комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, јавуваат албанските медиуми.

Рама денеска на Фејсбук објави и слика со Хан.

“Брисел – Со комесарот Хан за последните новости, во пресрет на одлуката на Европскиот совет“, напишал Рама на својот профил на „Фејсбук“ како коментар од сликата со Хан.

Албанскиот премиер вчера преку видео порака на социјалните мрежи за време на своето патување кон Брисел, рече дека не е ниту песимист ниту оптимист, но дека се прави максимумот за да се добие позитивна одлука на ЕУ.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот