Еди Рама: Не сакаме да ја затвориме земјата повторно

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека ги презема сите мерки за да се избегне второто затворање на земјата поради вирусот.

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во моментот 6.968 случаи се активни во земјата, претежно во Тирана, Драч и во Скадар.

Во последните 24 часа биле тестирани 1.407 лица, а 110.189 од почетокот на пандемијата, пренесува албанскиот портал „Егзит“. Од почетокот на пандемијата, 17.651 лице се разболеле од коронавирусот, а 458 луѓе починале како резултат на вирусот.

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека ги презема сите мерки за да се избегне второто затворање на земјата поради вирусот. За време на јавната презентација на мрежата на инспектори, кои ќе ги предупредат граѓаните да носат маски и да ги почитуваат мерките, тој рече дека по секоја цена ќе се обиде да го избегне тоа.

Тој рече дека владата на таа земја има две цели – да спречи ширење на вирусот и да избегне затворање на земјата, од која стравува целиот свет.

-Не сакаме да ја затвориме земјата, не сакаме да им кажуваме на луѓето да останат дома повторно- рече Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот