Еди Рама: Не сакам да имаме граници со Србија, Косово, Македонија и Црна Гора

EPA/BORIS PEJOVIC

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за српската телевизија „ТВ Пинк“, изјави дека Албанците од Албанија и Албанците од Косово се браќа кои живеат во две различни земји и тие треба да се обединат, и дека сака еден регион без граници меѓу земјите.

– Не сакам да имаме граница со Србија, Косово, Македонија или Црна Гора. Треба да сите да работиме за тоа да се случи.- истакна Рама.

Тој исто така нагласи дека Србите и Албанците можат да влијаат на Балканот исто како тоа што Франција и Германија го направија во Европа, и дека Србија треба да се соочи со вистината и да прифати дека Косово е слободна и независна држава.

Албанскиот премиер рече дека тој никогаш не го употребува изразот голема Албанија и нагласи дека тоа е израз што се употребува против Албанците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот