ЕДИ РАМА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОКРИЕ РАДОСТА: За Албанија собрани 1,15 милијарди евра

Над 100 земји и финансиски институции од целиот свет се собраа во Брисел и доделија 1,15 милијарди евра грантови, заеми и проекти.

Повеќе од успешна е меѓународната донаторска конференција која денеска се одржа во Брисел под мотото „Заедно за Албанија”, на која се собрани над милијарда евра, што ја „покрива целата фактура за обнова” па дури и повеќе од предвиденото.

Над 100 земји и финансиски институции од целиот свет се собраа во Брисел и доделија 1,15 милијарди евра грантови, заеми и проекти.

– Ние денеска бевме сведоци на огромна храброст и солидарност со Албанија. Успеавме да собереме 1,15 милијарди евра за да и помогнеме на Албанија, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархеји на крајот од конференцијата.

Албанскиот премиер Еди Рама не можеше да ја сокрие радоста од постигнувањето на целта, за која рече дека дури и не можел да замисли ваков исход.

Прочитајте и...  Со кинескиот закон забранет Тик ток во Хонгконг

– Кога доаѓавме тука шпекулиравме со бројки, бидејќи потребата беше многу голема. Велевме дека ако достигнеме 40 отсто од целата сума, можеме да се вратиме дома задоволни, ако достигнеме 50 отсто од вредноста, може да сметаме дека сме успеале, додека над 50 отсто од сумата би било магија. Ова е надвор од фантазија, изјави Рама.

– Дозволете ми да цитирам нешто од Библијата и Куранот каде се вели „затоа што во еден дух се крштеваме, во едно тело и сите доаѓаме со ист дух. Ако еден член страда, сите страдаат заедно, ако еден член е почестен, сите уживаат заедно”. Почестен сум и се надевам дека сите уживате заедно поради мене и Албанија. Не можам да заминам без да заклучам со Библијата и Куранот: Човештвото е единствен народ, рече Рама.

Прочитајте и...  Руската православна црква жали поради одлуката на турскиот суд за Света Софија

Албанија очекуваше да обезбеди на конференција 350 милиони евра или заедно со поволни кредити 450 милиони евра.

Прочитај повеќе

Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Филипче: Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина, половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти

Слободен печат

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Доставени картичките за „зелена нафта” во Струмичкиот регион

Слободен печат

Димитров: Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со ЕУ

Слободен печат

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

Слободен печат

Ангеловска на тркалезна маса на СБ за поддршка на приватниот сектор во КОВИД-19

Слободен печат

Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Слободен печат