Еди Рама: Многу земји од Европа и светот понудија помош за Албанија

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

Премиерот на Албанија на Фејсбук напиша од кои претседатели и премиери добил подршка и ветување за помош по разорниот земјотрес што ја погоди Албанија.

– Премиерот Џузепе Конте на Италија и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис испратија авиони со специјални екипи. Претседателот на Франција Емануел Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразија подготвеност да помогнат на било кој начин. Амбасадите на ЕУ и САД информираа исто така информираа дека се подготвени да пружат помош. Контактите продолжуваат – констатира Рама.

Тој додаде дека оствари и телефонски контакт со претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој ја активирал специјална која се упатила кон кризните места.

– Продолжуваат контактите, додека на терен се прави сѐ што е можно, на секое место кое има урнатини, да се помогне на повредените и на оние кои им е потребна помош, рече Рама.

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, објави дека специјална екипа за помош на настраданите тргнува кон Албанија. Исто така, екипа од Србија за итни случаи се упати кон Албанија.

Исто така, канцеларката Меркел ги активираше своите механизми за помош, како и премиерот на нашата земја Зоран Заев и бугарскиот лидер Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот