ЕДИ РАМА МЕЃУ ТРИ ЖЕНИ во Њујорк, едната е од МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

Фејсбук

Албанскиот премиер Еди Рама за време на неговиот претстој во САД, доживеал еден невообичаен пречек. При неговото пристигнување во хотел во Њујорк, него го пречекале три менаџерки кои зборувале на албански. А како што пишува и самиот Рама на Фејсбук, едната од нив е од Македонија.

„Доаѓа човек од Албанија во хотел во Њујорк и на самата врата, што наоѓа? Три менаџерки од Косово, Северна Македонија и Црна Гора, кои му велат на албански „Дали ќе се сликаме?“. Ја сакам Албанија“, напишал Рама на Фејсбук.

Во видеото, кое го објавува албанскиот премиер, трите жени се претставуваат и самите, а едната од нив вели дека е од Македонија, односно од Гостивар.

Принтскрин

Vjen robi nga Shqipëria në hotel në Nju Jork dhe mu tek dera, ça gjen? Tre menaxhere nga Kosova, Maqedonia e Veriut dhe Mali i Zi, që i thonë shqip: “A e bajm nji foto?”? #ILOVEALBANIA❤️??

Publiée par Edi Rama sur Lundi 23 septembre 2019

Инаку Рама, синоќа во САД реализираше средба со новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, со кого според албанските медиуми разговарале за земјотресот, преговорите, малцинствата и односите меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот