Еди Рама: Македонија го смени името на земјата, што треба повеќе да направи?!

Фото: Принтскрин

По кажаното „Не“ за отварањето на преговорите за Албанија и за Македонија, пресконференција денеска попладне одржа и албанскиот премиер Еди Рама. Тој изјави дека не само Албанија или Македонија, туку било која земја да била предмет на разговор на тој состанок немало да добие консензус, пренесува албанската телевизија А2Cnn.

Рама изјави дека Франција бара реформирање на процесот, додека истакна дека Албанија ќе продолжи по истиот пат кон исполнување на поставените услови во процесот на интеграцијата.

На прашањето дали ќе побара изгласање на доверба од Собранието по ова одлука, Рама изјави дека нема потреба од такво нешто, затоа што проблемот беше до ЕУ.

Додека како што јавува Албанската радио Телевизија – РТШ, премиерот Еди Рама ја коментирал и одлуката за Македонија.

– Северна Македонија 14 години  чека отварање на преговори, од совет во совет добива позитивни сигнали и никогаш не доби „Да“. Ја натераа да смени име, со ветување дека со тоа ќе добијат преговори. Имаше многумина кои велеа дека Албанија ќе се оддели од Северна Македонија. Тоа никогаш не било опција. Ризикувавме во јуни поради хасот што настана тука, но не беше стратешка опција, зошто суштински нема врска недонесувањето на одлука со тоа што направил едниот а што другиот. Тие го сменија иметo. Можете да замислите да смените име на твоја држава и да не добиете Да? Тогаш што требаше тие да направат повеќе? Ништо не требаше повеќе да направат, ниту можеа да прават. Се најдоа во еден момент на историјата на соживотот внатре во ЕУ каде се случува голем концепциски судир меѓу Франција и Германија – изјавил Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот