Еди Рама го тужи Рамуш Харадинај за „клевета“

Фото: Телеграфи

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Премиерот на Албанија Еди Рама поднесе тужба против премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, за клевета. Рама тужбата ја поднесе пред Основниот суд во Приштина.

Рама го тужи Харадинај во врска со неговите изјави за размената на територии со Србија.

Во тужбата се споменуваат неколку емисии, во кои Харадинај зборувал на оваа тема и го обвинил Рама, дека заедно со претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја иницирале идејата за размена на територии помеѓу Србија и Косово.

– На 17.10.2019 и 29.10.2019, тужениот Рамуш Харадинај, во време на дадената изјава, вршител на должноста премиер на Република Косово, во текот на едно интервју за новинарот Артур Жеј, објавено во емисијата 360 степени на датум 17.10.2019 како и за време на интервјуто дадено на 29.10.2019 година во емисијата Пресинг Зона на Т7, говорел невистинити работи на адреса на тужителот со последици по неговата чесност, персоналност и репутација-, се вели во тужбата.

Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, рече дека ќе одоговори на поканата на судот, и додаде дека тужбата нема никаква база.

„Тужбата од страна на премиерот Рама е целосна неоснована, се работи за политички диверзитет што се прави од негова страна за да ја избегне одговорноста. Нашиот народ и Косово има луѓе кои ќе ја бранат неа во секое време“, напиша Харадинај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот