Еди Марфи жали поради оваа пропуштена улога (ВИДЕО)

YouTube

Еди Марфи откри која е улогата што ја пропуштил и се кае поради тоа.

58-годишниот актер во оваа недела гостуваше во шоуто кај Џими Фалон, каде откри како во 1988 година, му била понудена главната улога во хит-филмот „Who Framed Roger Rabbit“.

Но, ја одбил улогата бидејќи мислел дека концептот на филмот бил чуден. „Бев како: Што? Анимација и луѓе, тоа едноставно звучи на лош пропаст“, рекол тој на водителот. Улогата на крајот ја добил британскиот актер Боб Хоскинс и филмот освои 3 Оскари.

„Сега секој пат кога го гледам се чувствувам како идиот“, додал Марфи кој пред некоја вечер ја водеше емисијата на Saturday Night Live.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот