Еди Марфи најави дека се враќа на стенд-ап комедијата

epa-efe
epa07878461 US actors Eddie Murphy (L) arrives on the red carpet during the premiere of the Netflix film Dolemite Is My Name at the Regency Village Theatre in Los Angeles, California, USA, 28 September 2019. EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Актерот и комичар Еди Марфи во последните години многу повеќе се посвети на својата кариера на филмскиот сет, запоставувајќи ги своите корени  односно стенд-ап комедијата. Иако стана популарен со своите настапи во живо, веќе некое време на социјалните мрежи го критикуваат дека живее на „стара слава“.

Веќе подолго време, 59-годишниот Марфи нема нови настапи. Имено, комичарот бил во преговори и со стриминг сервисот „Netflix“, а за неговото „враќање“ тогаш побарал скоро 70 милиони долари.

epa-efe
EPA/SEAN MASTERSON

Откако неговата филмска кариера повторно „заживеа“ со солидното остварување во комичната драма „Dolemite is My Name“ во 2019 во продукција на „Netflix“,  и успешниот настап во шоуто на „SNL“ актерот најави дека ќе се врати на своите настапи во живо.

Кога повторно се отвори темата за неговото враќање на стенд-ап комедијата, Марфи овојпат беше поконкретен од вообичаено.

Мојот план беше да го снимам „Dolemite“, да настапам на „SNL“, да го снимам „Coming 2 America“ и потоа да се вратам на стенд-ап комедијата. Но, тогаш се случи пандемијата и сè застана. Минатата година требаше да работам на мојот настап, но тогаш ги затворија клубовите. Кога ќе заврши  пандемијата и ќе биде безбедно да се настапува, ќе се вратам“, откри Марфи воодушевувајќи ги своите обожаватели ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот