Еден загинат во тешка сообраќајка на автопатот Лесковац-Ниш

Браќата патувале со автомобил „пежо 206“. Тие се враќале од парастос на нивниот покоен татко.

Шеесет и двегодишниот Д.К. загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот помеѓу Лесковац и Ниш, додека неговиот брат И.К. (58) од Белград е полесно повреден.

Браќата патувале со автомобил „пежо 206“. Тие се враќале од посета на гробот на нивниот покоен татко.

Од засега непознати причини возилото излетало од патот и удрило во банкина. Возилото го управувал Д.К. кој починал на местото на несреќата.

Повредениот И.К. бил пренесен во болницата во Ниш, каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот