Еден загинат во еден од пожарите во Атина

Денеска недалеку од Атина избија два пожари, едниот на островот Егина, а другиот во близина на депонијата во периферијата Атика, пренесуваат грчките медиуми.

Како што наведе грчката новинска агенција „АНА“ пожарникарите пронашле тело на маж во фабрика во близина на пожарот кај депонијата, меѓутоа, засега не се потврдени причините за смртта.

Пожарот на Егина е делумно ставен под контрола.

Против пожарот кај депонијата се борат десетици пожарникари, на кои од воздухот им помагаат два авиона и два хеликоптери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот