Еден загинат и петмина тешко повредени во инцидентот во Берлин

берлин автомобил хорор
Берлин, Германија / 8 јуни 2022 / EPA-EFE/FILIP SINGER

Пет лица се во состојба опасна по живот, откако денеска во Берлин автомобил удри во група луѓе во центарот на градот, јави ДПА.

Уште три лица се тешко повредени, а едно лице почина, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

Покрај тоа, има повеќе полесно повредени, но од противпожарната бригада не соопштуваат за колку лица се работи.

берлин автомобил хорор
Берлин, Германија / 8 јуни 2022 / EPA-EFE/FILIP SINGER

Специјалистите за несреќи при сообраќајната полиција како и одделението за криминалистичка истрага сега истражуваат дали се работи за несреќен случај или намерно дело, соопшти полицијата.

Дополнително, мора да се разјасни идентитетот на возачот на автомобилот. Полицијата привремено го задржала мажот.

берлин автомобил хорор
Берлин, Германија / 8 јуни 2022 / EPA-EFE/FILIP SINGER

Според полицијата, автомобилот влетал во група луѓе близу главниот трговски центар во градот, а потоа запрел откако пробил излог на продавница, околу 200 метри понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот