Еден загинат и десет повредени во 16 сообраќајки во Скопје

Загинат возач, тешко повреден пешак и девет полесно повредени, е билансот од двете од вкупно 16 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа во Скопје.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи почетници, 24 лица пред да се стекнат со право на управување моторно возило, а  исклучени се и 17 нерегистрирани возила.

Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот” подигнал 50 возила.

Санкционирани се 50 двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, деветмина возчаи за поминување крстосница на црвено светло, двајца за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и шест лица за некористење заштитен шлем односно кацига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот