Еден загина, тројца се повредени во сообраќајки во Скопје

Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата викендот санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници.

Од сообраќај се исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 151 казна, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 97 возила.

Казнети се 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 14 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум за неправилно престројување, 10 за неправилно престигнување, девет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 25 за користење на мобилен телефон за време на управување на мототрно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот