ЕДЕН СОСЕМА ПОИНАКОВ ЦАР: Нарухито џогира, оди на планинарење и е оженет со жена која работи

Фото: Принтскрин

Новиот јапонски цар Нарухито, како и неговите родители, сакаат да ја одржат блискоста со својот народ. Тој по многу работи е модерен, но конзервативниот дворец и кревкото здравје на неговата сопруга му ги ограничуваат можностите.

Нарухито е прв јапонски цар кој не го хранела доилка и кој пораснал под родителски кров.

Тој е и првиот цар кој студирал во странство, завршил високо образование и се оженил со сопруга која работи. 59-годишниот Нарухито џогира, оди на планинарење, одлично зборува англиски и свири виолина.

Никогаш порано царската куќа не била толку модерна како што е денеска.

Фото: Принтскрин

Меѓутоа, на неговиот грб сега лежи долгата историја на институцијата „Тено“, што во превод значи „небески владар“. Според официјалниот попис, Нарухито ќе биде 126. регент на лозата, која според легендата датира од седмиот век пред новата ера.

Династијата ја основал Јиму, пра-пра-правнук на божицата на сонцето Аматераса. Како и неговиот татко Акихото, кој се повлече од тронот, новиот цар ја посетувал поранешното племско училиште и се стекнал со диплома на Универзитетот Гакушин, студирајќи историја.

Потоа две години студирал економска историја на Мерон колеџот во Оксфорд.

Тешител и совест на нацијата

Новиот јапонски цар сака да го негува стилот на својот татко, кој бил близок на народот и лично се среќавал со жртвите од катастрофи и социјално загрозени луѓе. Тој беше национален утешител, со што својата уставна улога на цар како „симбол на националното единство“ ја извршуваше на нов начин.

– Во врска со природата на царското битие, принципот е со народот да ги делиме радоста и болката, од срце до срце – изјави Нарухито на својот роденден во февруари.

Исто како и неговиот татко, тој треба да го одржи жив споменот на Втората светска војна и да продолжи да биде совест на нацијата. Акихито никогаш не се извини за војната која неговиот татко Хирохито ја поведе во Азија, зашто царскиот закон му забрануваше политички изјави.

Но, тој изрази „длабоко покајание и болка“ на комеморациите на поранешните бојни полиња, молејќи се за сите жртви на војната.

Уште додека беше престолонаследник, Нарухито презеде критички став кон тенденциите за разубавување на јапонското воено минато, вели германскиот историчар Свен Залер од Универзитетот Софија во Токио. Како цар, тој би можел ваквите ставови уште појавно да ги изразува, на пример на годишнината од завршувањето на војната на 15 август.

Меѓутоа, Нарухито исто така сака да стави свои акценти. За можни крупни теми ги спомена водоснабдувањето, ублажување на сиромаштијата и поголемо внимание за потребите на децата и постарите лица. „Врз основа на своето искуство, Нарухито ќе ги осмисли своите идеи како треба да изгледа неговото царство“, вели Исеи Номура, еден од неговите бивши дворски службеници во Принчевата палата.

Германскиот експерт за царски семејства Ернст Локовант смета дека Нарухито прво ќе се погрижи за животната средина, но во своето приватно опкружување на почеток нема ни то да менува. „За тоа монархот е премногу традиционален“, убеден е Локовант.

Каква ќе биде улогата на царицата Масако?

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Сопругата на царот, Масако засега е непознат фактор на царувањето на Нарухито. Бившата службеничка која градеше кариера во американското Министерство за надворешни работи и дипломирала на Харвард и Оксфорд, многу се разликува според потеклото, образованието и космополитизмот од својата претходничка Мичико, која пак беше повеќе отелотворение на традиционалната слика за јапонската жена.

На дипломатски паркет, царицата Масако би можела за Јапонија да се ангажира онака како што вети при влезот во царската куќа пред 26 години.

– Тоа ќе остане мојата животна тема, улога која ја имам во општеството како член на царското семејство –  рече таа по венчавањето со Нарухито.

КРУНИСАН јапонскиот цар Нарухито (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот