„Еден со друг се УПОТРЕБИЛЕ“ – Сараевските медиуми известувале за геј афера пред скоро 100 години (ФОТО)

Фото: МИА

Геј аферата на два сараевски занаетчии од 20-тите години на минатиот век не помина незапазена во тогашните медиуми. Заради тоа тие завршија во полициска станица.

Општо познато е дека медиумите од година во година, посебно во ерата на социјални мрежи, се разликуваат во начинот на известување и избор на вести. Нема љубител на медиумите или читател кој не се запрашал или посакал примерок на весник пред војната, со почетокто на 20-тиот или уште од крајот на 19-ти век.

На социјалните мрежи кружи интересен пример на известување од сараевски „Вечерне поште“ од, како што наведуваат тие кои го поставиле на Фејсбук, 1925 година.

Prije nego su "četiri zida" izmišljena. Sarajevo, Večernja pošta, 7. februar 1925.

Publiée par Damir Imamovic sur Mardi 27 août 2019

Една од вестите поставени е посветена на сексуалната афера на двајца сараевски занаетчии кои се фатени во кревет после, најверојатно, сексуални активности.

Авторот специфично, од оваа перспектива на помалку архаичен јазик, на читателите им доловил што навистина се случувало во хотелската соба, за на крај на веста да даде свој суд за целокупната ситуација.

Актерите на оваа геј афера, според наведеното во текстот, биле уапсени за „неморални активности“.

– Утрово беа фатени во хотел „Пошта“ Ивица Фрањиќ од Крешево, чевлар со некој од Мостар, исто така чевлар, татко на три деца, во соба број 23, потполно голи на кревет. Двајцата се затворени, бидејќи постои сомнеж дека еден со друг се употребиле. Тоа е фрагмент на сараевски морал – стои во кратката вест.

Во коментарите под оваа објава стојат многу духовити досетки на корисниците на Фејсбук, а на многу од нив во око им паднал изразот „употребиле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот