17.8 C
Скопје

Еден позитивен случај на ковид-19 во ракометниот клуб Металург!

Како што официјално информираат денеска од клубот рано наутро Металург замина за Шпанија каде што ќе го има новиот ракометен предизвик на меѓународната сцена.

Вчерашните тестови за коронавирус се негативни кај сите ракометари, така што тренерот Оливер Димитриоски на располагање ќе ја има комплетната екипа.

– За жал имаме еден позитивен случај во стручниот штаб. Тој остана во Скопје, заедно со уште еден член на стручниот штаб, кој пак остана поради свои семејни причини – известуваат од РК Металург.

Се очекува Металург во Леон да стигне во вечерните часови в понеделник, што е хендикеп за екипата која веќе следниот ден ќе има натпревар во Лига Европа. Како што е веќе познато, тимот од Автокоманда не најде погодна авио-конекција за Леон и беше принуден да патува со автобус.

Дуелот со Адемар Леон, од третото коло на Лига Европа, ќе се игра во вторник со почеток од 20.45 часот во градската „Палата на спортовите“.

Потсетување во рамките од групата „А“ Металург веќе одигра еден натпревар, беше поразен во Франција од Тулуз со 33:29.

Поврзани вести

Димитриевски и Рајо Ваљекано се враќаат во шпанската „Ла Лига“

Слободен печат

ВИДЕО: Имаат гол-разлика 32:0, кога последен пат се затресе мрежата на Италија?

Слободен печат

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Слободен печат

Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Слободен печат

ФОТО: Македонските репрезентативци тренираа на „Јохан Кројф“ Арената

Слободен печат

Ракометарите убедливо загубија на вториот тест со Србија

Слободен печат

Остави Коментар