Еден починат, во сообраќајка во која учествувал македонски државјанин на патниот правец Елбасан-Пеќин,Албанија

На местото на несреќата починало лицето А.Н.(55) жител на Тирана, кој  бил сопатник во  автомобилот „сузуки”, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.

Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа што се случила препладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, во Албанија.

– Тешката сообраќајна несреќа се случи на патниот правец Елбасан-Пеќин, кога од непознати причини дошло до директен судар на автомобил „сузуки” управуван од Х.Р (67) од Елбасан и автомобил „мерцедес” управуван од М.К.(38) од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

На местото на несреќата починало лицето А.Н.(55) жител на Тирана, кој  бил сопатник во  автомобилот „сузуки”, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.

Увидот треба да потврди која е причината за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот