Еден осомничен за избегнување да плати акциза за тутун

Архива на сп

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело избегнување на плаќање акциза.

Според ОЈО, осомничениот 20-годишен жител на Љуботен, сакајќи целосно да избегне плаќање на акцизата на која е обврзан со Законот за акцизи, на први јуни годинава од непознато лице купил акцизни тутунски добра без контролни маркици.

„Со намера да го продава тутунот на зелениот пазар Бит Пазар, го натоварил во патничко моторно возило Фолксваген голф. При обидот да го превезе тутунот, осомничениот бил сопрен од  страна на полициски службеници. При контрола на возилото биле пронајдени 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите „Kamelia Virgina“ и 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите „Virginia“ или вкупно 120 килограми фино сецкан тутун.

За овие тутунски добра осомничениот избегнал и не платил акциза во вкупен износ од 162.000 денари.

Заради обезбедување на осомничениот во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог со мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница“ извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот