Еден од уапсените антиваксери во Србија бил вакциниран

Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат, изјави Брнабиќ

Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека еден од петте уапсени антиваксери е вакциниран против корона вирус, пренесува Танјуг во неделата.

„Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат“, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.

Неколку антиваксери се уапсени во Србија оваа недела за ширење паника, соопштија властите.

„Тоа е најстрашното лицемерство. Антиваксерите навистина ја загрозуваат националната безбедност. Тие сериозно ја загрозуваат безбедноста и животот на луѓето на социјалните мрежи, шират паника и лажни вести“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот