Еден од последните крузери пристигна во Џенова

Крузерот требаше да се врати во Венеција на 26 април, од каде тргна на патување на 5 јануари. 

Италијанскиот крузер „Коста Делициоса”, еден од последните што беа на море од избувнувањето на пандемијата на вирусот Ковид-19, е закотвен на брегот на Џенова, последната станица по 15-неделно крстарење.

Околу 110 патници, со потекло од Шпанија, Португалија и Франција, претходно се симнаа во Барселона, откако француските власти го одбија барањето за слегување на патниците на пристаништето Марсеј, иако, според италијанската компанија „Коста Кроциере”, во чија сопственост е крузерот, на бродот немало заразени.

Останатите 1.519 патници и 898 членови на екипажот, како што е најавено, ќе се симнат утре во Џенова.

Од почетокот на крстарењето, три лица го напуштија бродот поради здравствени проблеми, но ниту едно од нив не беше позитивно за вирусот Ковид-19.

Крузерот требаше да се врати во Венеција на 26 април, од каде тргна на патување на 5 јануари. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот