Еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија е во тешка финансиска ситуација

Фото: facebook.com/fk.napredok

Пандемијата на коронавирусот предизвикува финансиска криза и во спортот, клубовите, а поради истата причина доаѓа и до згаснување на истите.

Од финансиски аспект во нашата земја проблемите траат подолг период, денеска фудбалскиот клуб Напредок од Кичево преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Во продолжение нивното соопштение:

– ФК Напредок е формиран во 1928 година и е еден од најстарите клубови во Македонија. Меѓутоа денес клубот се наоѓа во тешка ситyација мака мачи да ја доигра полусезоната во Македонската Трета лига-Запад.

Фото: Принтскрин/facebook.com/fk.napredok

НЕМА никакви услови, НЕМА струја, НЕМА финансиска конструкција за обезбедување на превоз, храна, и симболични плати на играчите, иако беше ветено дека делумно ќе се средат некои работи сеуште се чека на истите.

Воедно апелираме до сите институции, спортски ентузиасти и сите заинтересирани страни да му помогнат на клубот во овие тешки моменти како клубот не би ги доживеал црните сценарија односно згаснување на клубот.Однапред ви благодариме на сите кои сте во можност да помогнете, СЕГА СМЕ МУ ПОТРЕБНИ НА НАПРЕДОК ПОВЕЌЕ ОД КОГА И ДА Е со почит – пишува во објавата на ФК Напредок на Фејсбук.

Напредок во минатото воглавно беше редовен учесник во Првата лига, во периодот од 1999 до 2014 година. Во сезоната 2003/2004 играше и финале во Купот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот