Еден од најпознатите стадиони во светот претворен во магацин

твитер

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди Шпанија каде досега се заразени 56.188 лица. Помош доаѓа од секаде, а не се имуни ниту спортистите и спортските клубови.

Потег за респект направи „кралскиот“ клуб, Реал Мадрид кој го отстапи својот „Сантијаго Бернабеу“ стадион на користење на шпанските власит.
Стадионот ќе служи како магацин за медицински материјали во борбата против коронавирусот.

Весникот „Ел Мундо“ пренесува дека овој потег на Реал Мадрид ќе им овозможи на шпанските власти брзо да реагираат и дојдат до потребната опрема кога ќе биде потребно.

Реал Мадрид исто така донираше значителна количина на медицински матерал и опрема како помош во борбата со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот