Еден од најголемите измамници во фудбалот го банкротира славниот шпански клуб: За 10 години не вложи ниту едно евро

epa04048811 Racing Santander's captain Mario Fernandez (2-R) talks with referee Gil Manzano (R) before boycotting the King's Cup quarter final second leg soccer match against Real Sociedad in protest against unpaid wages for several months, at El Sardinero stadium, in Santander, northern Spain, 30 January 2014. EPA/ESTEBAN COBO

Индискиот бизнисмен Ахсан Али Сиед ја направи една од најголемите измами во светот на фудбалот кога во 2011 година го купи Расинг Сантандер ветувајќи чуда, но клубот го однесе во банкрот

Во светот на фудбалот, но и во спортот воопшто честа појава е странски инвеститори да преземаат клубови, а овој тренд е се поредовен во последните две децении. Понекогаш овој потег ќе се покаже како добар, но постојат и случаи во кои клубовите банкротираа откако беа преземни од странци.
Индискиот бизнисмен Ахсан Али Сиед (47) е пример за еден од најголемите фудбалски измамници кој во 2011 година го купи шпаскиот Расинг Сантандер и клубот го донесе до самото дно.

принтскрин/јутјуб

– Се радувам на активната и долгогодишна соработка во овој голем клуб, ќе ги инвестирам своето знаење и финансии за клубот да биде на највисоко ниво во Шпанија и во Европа – зборуваше Али Сиед во 2011 година кога го преземаше клубот.
На крајот се покажа дека Идиецот е голем измамник кој не вложи ниту едно евро во Расинг Сантандер.
– Станува збор за меѓународен измамник кој знае дека не може да биде уапсен и екстрадиран кога се наоѓа во Дубаи. Не само што не вложи ниту едно евро, туку смисли план претседателот на клубот да остане истата личност при преземањето за на тој начин да може да прави што сака – објаснува новинарот Педро Лопез Очоа и додава:
– Беше пропалица, а немаше пари. Рече дека дошол со приватен авион, но всушност тој го изнајмил авионот и тоа преку клубот кој го презеде. Дојде до десетина менаџери, имаше средба со градоначалникот, се ракуваше со министерот , а своето возило го паркираше на градскиот плоштад, како да е Трамп.

На крајот, претседателот на клубот Перниа е санкциониран од шпанските власти, а Сиед  во Швајцарија е осомничен за перење на пари поради што му е одзеден клубот.
Расинг Сантандер кој во минатото играше во Ла Лига, по доаѓањето на индискиот измамник падна во третата шпанска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот