Еден од најголемите хитови на шведската група „АББА“ крие тажна приказна

АББА

Пејачката на „АББА“, Агнета Фелтског, во вторник го прослави својот 71 роденден. Познатата шведска пејачка, дел од легендарната група „АББА“, меѓу другото, го изведе и еден од најголемите хитови на познатата група „The winner takes it all“, за кој изјавила дека многумина не знаат дека е создаден кога таа и Бјорн се разведувале.

На 15-годишна возраст, Агнета одлучила да го напушти училиштето и да го посвети животот на музиката. Четири години подоцна, на снимањето на телевизиско шоу, таа го запознала пејачот Бјорн Улвеус и многу брзо се вљубила во него.

Непосредно пред тоа, пејачката Ани – Фрид Лингстад ​​започнала врска со пријателот и соработник на Бјорн, Бени Андерсон. Двата пара заминале на заеднички одмор на Кипар, а идејата за формирање заедничка група за прв пат се роди на тој прекрасен остров.

Групата е формирана уште во 1973 година, а една од најпознатите песни „The winner takes it all“, има своја историја, бидејќи е формирана во времето кога Агнета и Бјорн се разделиле.

Во летото 1980 година, за време на бракоразводниот процес, Бјорн започнал да работи на нова песна. Подоцна изјавил дека никогаш не напишал ниту еден текст толку брзо, но количината на испиени чаши со виски му помогнале во тоа:

Бев пијан и целиот текст ми дојде преку наплив на емоции за еден час, изјавил некогаш Бјорн.

Тој исто така признал дека разводот е всушност инспирација за песната, а кога тој првпат и го покажал текстот на Агнета, таа заплакала.

Десет дена по нивниот официјален – судски развод, групата снимила видео за песната на шведскиот остров Марстранд, во режија на славниот режисер Ласе Халстром.

„The winner takes it all“ беше објавен како главен сингл од албумот „ Super Trouper“ и веднаш го достигнала врвот на топ – листите во многу европски земји, а во 2006 година Британците ја прогласиле за најтажна песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот