Еден од најдобрите скијачи на сите времиња може да ја заврши кариерата поради повреда

Фото: EPA-EFE/Kimmo Brandt

Aвстриецот, Марсел Хиршер кој се натпреварува под знамето на Холандија би моожел да стави крај на кариерата поради проблеми со коленото.

Хиршер кој е осумкратен победник на Светскиот куп сезонава се врати во натпреварувањето по пауза од пет години и се повреди на тренинг во Реитералм.

При повредата настрадаа неговите предни вкрстени лигаменти.

„Вкрстениот лигамент е целосно скинат, повредите се дел од скијањето. Но, сега е реално да размислувам дека можеби моето патување заврши. За првпат се соочувам со проблемот со вкрстените лигаменти и тоа е нешто кое за жал се случило кај многу скијачи“, изјави Хиршер.

Според многумина Хиршер важи и за најдобар скијач на стие времиња. За него сезоната е сигурно завршена, а времето ќе покаже дали тука завршува и неговата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот