Еден од демонстрантите на Трамп го помешале со Џеј Кеј од „Џамироквај“

Instagram
Instagram

Џеј Кеј, член на популарната група „Jamiroquai “, се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека тој не е еден од демонстрантите кои синоќа упаднаа во зградата на Конгресот.

Само еден ден откако демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја оспорат победата на демократскиот пратеник Џо Бајден на неодамнешните претседателски избори во САД, Џеј Кеј објави видео на социјалните мрежи, во кое се пошегува на сопствена сметка, но исто така негираше дека е дел од демонстрациите.

 

„Добро утро на сите во Вашингтон, ми се допаѓа костумот, но тоа не сум јас и не е моето друштво“, напиша музичарот под видеото.

Конфузијата дојде откако некои корисници на Твитер забележаа сличности помеѓу маскираниот демонстрант и британскиот музичар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот