Еден мртов на насилните протести во Иран

Знаме на Иран/ Фото: МИА

Протестите поради зголемените цени на храната продолжија во неколку градови во Иран и денеска, се вели во објавите на социјалните мрежи, додека ирански пратеник изјави за локалните медиуми дека едно лице загинало во демонстрации на југозапад, пишува Ројтерс.

Протестите беа предизвикани минатата недела поради намалувањето на државните субвенции за увезената пченица, што предизвика зголемување на цените за дури 300 отсто за различни основни производи од брашно. Владата на претседателот Ебрахим Раиси ги зголеми цените и на основните производи како што се маслото за јадење и млечните производи.

Северниот град Рашт, централниот град Фарсан и североисточниот град Нејшабур, се меѓу областите погодени од протестите, според видеата објавени на социјалните мрежи.

„Раиси, срам, пушти ја државата!“, скандираа демонстрантите на едно такво видео. Ројтерс не можеше независно да ги потврди автентичноста на видеата.

Локалниот пратеник Ахмад Аваи изјави за полуофицијалната новинска агенција ИЛНА дека едно лице е убиено за време на митинзи во Дезфул, град во југозападната провинција Кузестан што произведува нафта.

Видео на денот