Еден мртов и неколку повредени во вооружена пресметка меѓу мигранти во близина на Суботица

Српска полиција/ Фото: МИА

Еден мигрант загина, а шестмина се тешко повредени во вооружена пресметка денеска во населбата Макова Седмица во предградието на Суботица, јавија срспските медиуми.

Повредените мигранти, меѓу кои и 16-годишно девојче чиј живот е во опасност, се примени во болница во Суботица. Полицијата и брзата помош излегле на местото на судирот, а полицијата ги блокирала приодите до шумата каде се случила пресметката.

Полицијата утрово добила дојава од граѓани дека се слуша пукање во шумата на Макова Седмица, по што полицајците на местото на конфликтот пронашле повредени лица, па била повикана брза помош. Претседателот на Советот на месната заедница Макова Седмица, Мирсад Налиќ изјави дека се судриле мигранти од Авганистан и Пакистан.

„Овде со денови, од утро до вечер, минуваат такси со сомборски регистерски таблички и ги носат во шумата. Полицијата интервенира, но тие се враќаат по еден час“, тврди Налиќ. Во болницата во Суботица на шестмина повредени од истрели им била укажана помош, а во најтешка состојба е 16-годишно девојче за чиј живот се борат лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот