Еден милион денари од АВМУ за заштитна опрема за полициските службеници

За нас е значаен овој потег на Агенцијата, истакна Чулев, не толку заради фактот што добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата.

Договор за донација во висина од еден милион денари потпишавме денес со првиот човек на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. Со договорот Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донира на Министерството за внатрешни работи еден милион денари кои ќе бидат искористени за набавка на средства и опрема за извршување на активностите на министерството за превенција, спречување и ширење на корона вирусот, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Oвој денешен чин, донацијата од еден милион денари што министерството ја добива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во насока на натамошно обезбедување разни заштитни средства за потребите на полициските и други службеници на министерството е еден одличен пример за меѓусебна поддршка и помагање во реализирањето на заедничките цели за заштита на нашите граѓани и на нашето општество- напиша Чулев.

Прочитајте и...  По премиерот Кастекс, и францускиот министер за финансии позитивен на Ковид-19


За нас е значаен овој потег на Агенцијата, истакна Чулев, не толку заради фактот што добиваме одредена финасиска поддршка, туку многу повеќе заради фактот што се почитува и вреднува улогата и досегашните напори на полицијата во справувањето со епидемијата.

Чулев во свое и во име на министерството за внатрешни работи изрази благодарност до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за несебичната и значајна помош, која како што напиша, е повеќе од добредојдена.

Прочитај повеќе

Столе Попов добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300″

Бели гаќи и црвени влечки-идеален моден аутфит во трговски центар во Сплит

Слободен печат

Трамп: До април ќе имаме доволно вакцини за секој Американец (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Уште две дечиња од струмичката градинка позитивни на Ковид-19

Маријана Митровска

Пендаровски: Благодарение на фестивалот „Браќа Манаки“, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност (ФОТО)

Маријана Митровска

Од 5.179 до 690 евра: Која земја на ЕУ има најголема, а која најниска просечна бруто плата

Маријана Митровска

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Папата Франциск до светските политичари: Овозможете вакцината да биде достапна и на најсиромашните

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Франција даде зелено светло за употреба на тестови на плунка

МИА Агенција

За два дена во Црна Гора избувнале 56 пожари

Слободен печат

Повеќе од двесте илјади луѓе починаа од ковид-19 во САД

Слободен печат

Десетици демонстранти, повеќето жени, уапсени во Белорусија (ФОТО+ВИДЕО)

Маријана Митровска