Еден милион Бугари не можат да си дозволат летен одмор

EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Општо земено, 28 отсто од Европејците не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома

Речиси еден милион Бугари не можат да си дозволат одмор во текот на летото, јави БГНЕС.

Иако условите за овозможување одмор се подобрени во последната деценија, мнозинството семејства со ниски приходи не можат да си го дозволат, според студијата на Европската конфедерација на синдикати.

Општо земено, 28 отсто од Европејците не можат да си дозволат еднонеделен одмор надвор од дома. И овој процент се искачува на 59,5 проценти за луѓе чии приходи се под прагот на сиромаштија.

Најлоша е ситуацијата во Грција, каде 88,9 отсто од луѓето изложени на ризик од сиромаштија не можат да одат на одмор. Следуваат Романија (86,8%), Хрватска (84,7%), Кипар (79,2%) и Словачка (76,1%) и Бугарија со 71,6 или вкупно 972.328 лица.

Европската конфедерација ги нагласува нееднаквостите во пристапот до одмор надмор од дома, среде напорите на синдикатите за посилна директива за соодветни минимални плати и колективни договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот