Еден милион белгиски жители примиле трета доза

Вакцина / Фото: ЕПА

До сега еден милион жители на Белгија ја примиле „бустер” дозата според националните податоци, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Бустер” дозата е предвидена приоритетно за лицата над 65 – годишна возраст, како и за луѓето со слаб имунитет и коморбидитети. Тие се и првите на списокот повикани за трета доза.

Властите во Белгија најавија дека очекуваат до идната пролет целото население да биде вакцинирано со трета доза.

Од средината на декември лицата помлади од 65 години и без здравствени проблеми ќе бидат повикани за „бустер”.

Децата меѓу 5. и 11 – годишна возраст ќе бидат исто така вакцинирани во наредните месеци.

Извор: МИА

Видео на денот