Еден месец по изборите, во Косово објавени конечните резултати

Фото: Телеграфи

Централната изборна комисија на Косово денеска ги објави конечните резултати од изборите кои се одржаа на 6 октомври.

Претседателката на ЦИК, Валдете Дака, рече дека објавувањето на овие резултати доаѓа по завршување на сите процедури на избирачките места и во Центарот за броење.

Како што објасни Дака пребројани се околу 850 избирачки места, а излзноста на изборите од 6 октомври е 44,72%.

Според Дака од конечните резултати, Движењето Самоопределување доби 220.811 гласови или 26,159%, Демократскиот сојуз на Косово 206.458 гласови или 23,458%, Демократската партија на Коосово има 178.645 гласови или 21.163%, Алијансата за иднина на Косово –Социјал-демократаксата партија има 96. 883 гласови или 11, 477%, Српска Листа 57.015 гласови или 6,754%, Иницијатива-АКР-ПД 42.072 гласови или 4,984%.

Според Дака од овој момент започнува 24-часовниот рок за жалби од субјектите и кандидатите за пратеници, пренесува Телеграфи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот