Еден месец по трагедијата во Бугарија, обновен е сообраќајот на автопатот „Струма“

автобуска несреќа бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Еден месец по страотната автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија, во која загинаа 45 луѓе, сообраќајот на 32-от километар е повторно целосно воспоставен.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на несреќата се заменети старите заштитни огради со нови, обновени се ознаките, а максималната дозволена брзина останува 120 километри на час.

Целосно е заменета, со нова и повисока, заштитната ограда меѓу исклучувањето за чешмата и активната лента, на делот каде излета и се запали автобусот на „Беса транс”.

Венец во спомен на жртвите е поставен на знакот „32 км”.

По несреќата на 23 ноември, сообраќајот по коловозната лента за Дупница и Кулата беше затворен за сообраќај, за вршење увид и истражни дејствија.

Агенцијата за патна помош на Бугарија, по несреќата изврши премер на делницата за да утврди дали знаците, заштитните огради и хоризонталните ознаки на подрачјето на несреќата се во рамките на законските норми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот