Еден клуб не ме сакаше поради бојата на кожата

фото: твитер

Андре Онана, голманот на Ајакс, говореше на темата расизмот во фудбалот кој што никако да исчезне од најспоредната работа во светот и воопшто од спортот.

Тој истакнува дека на црномурестите фудбалери им е потешко да дојдат до големите клубови, а како што самиот тврди, еден клуб не сакаше да го ангажира поради бојата на кожата.

– Сфатив дека не му е лесно на еден црномурест голман да стигне до врвот. Во мојата прва сениорска сезона во Ајакс дојдовме до финалето на Лига Европа. После тоа финале, разговорав со заинтересиран клуб, но не сакаше да ме ангажира, бидејќи нивните навивачи тешко би прифатиле црномурест голман. Тие не ме одбија поради мојот квалитет, односно го сметам тоа како комплимент – рече Онана.

Онана не се срами и е горд на својата боја на кожата.

– Расизмот е присутен. Морам да се соочиме со тоа на скоро секој гостински натпревар, но за тоа не зборувам. Горд сум што сум црномурест и нема да го напуштам теренот поради расистички повици и навреди, бидејќи расистите тоа и го сакаат – додаде Онана.

Тој на оваа тема веќе говореше уште од претходно.

– Не гледам разлика помеѓу бели и црномурести голмани. Тие се исти – и тие грешат. Секој може да згреши. Црномурестите голмани мораат добро да бидат подготвени, бидејќи на нам ни е потешко. Нема многу црномурести голмани на врвот и луѓе затоа имаат предрасуди, или дека не сме сигурни или дека правиме премногу грешки – заврши Онана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот