Еден клуб ја затвори вратата за Ибрахимовиќ

twitter.com/Coral

Италијанските медиуми објавија дека Мино Рајола го понудил својот клиент Златан Ибрахимовиќ на челниците на Јувентус но бил одбиен. Јувентус има пари да му обезбеди плата од осум милиони евра на Ибрахимовиќ но иако и Павел Недвед ја форсираше оваа идеја, сепак постои големо противење во раководството на „старата дама“ за евентуалниот трансфер.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели иако изјави дека Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, смета дека тој може да претставува проблем во соблекувалната.

Против идејата за враќање на Ибрахимовиќ во Јувентус се и навивачите кои не му го простија трансферот во најголемиот ривал Интер во 2006 година, иако самиот фудбалер секогаш зборувал со респект за „старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот