Еден-два победа на Ред Бул во Шпанија, Мерцедес конечно со добар тркачки викенд

Нова победа за Макс Ферстапен во Формула 1 шампионатот/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Актуелниот формула 1 шампион Мак Ферстапен триумфира на трката за Големата награда на Шпанија. Ова беше четврта победа за Ферстапен сезонава, а вкупно 24 во кариерата, и се искачи на првото место во генералниот пласман кај возачите со 110 бода, шест повеќе од Шарл Леклер од Ферари кој имаше големи проблеми со болидот и мораше да се откаже од трката.


Ферстапен имаше големи проблеми на почетокот од трката кга излета од патеката и го загуби второто место, потоа имаше проблеми и со ДРС, но сето тоа успеа да го надмине и на крајот да дојде до победата.

За победата на Ферстапен, заслуги има и возачот на Ферари, Шарл Леклер кој во 27 круг кога беше лидер на трката, мораше да се откаже поради проблеми со моторот.
За Ред Бул да има успешен викенд се погрижи Серхио Перез кој го освои второто место.

Конечно добра трка имаа и возачите на Мерцедес, Џорџ Расел го освои третото место и тоа е прв  подиум  сезонава за младиот возач, додека Луис Хамилтон и покрај тоа што во еден момент беше последнопласиран, на крајот успеа да го освои петтото место.


Бодови во Барселона освоија уште и Карлос Саинс кој беше четврти, како и Валтери Ботас, Естебан Окон, Ландо Норис, Фернандо Алонсо и Јуки Цунода.

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози наредниот викенд и тоа низ улиците на Монте Карло за ГН на Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот