Еден детаљ менува сѐ: Џејми Оливер ја откри тајната на совршен топол тост

Фото: Instagram

Славниот британски готвач Џејми Оливер ги почести љубителите на брзата храна со рецепт за совршен тост со сирење.

Познатиот готвач ги знае тајните на едноставните, но и на комплицираните јадења. Многумина го обожаваат неговото крцкаво тесто за пица, а сега тој одлучи да ја сподели и тајната за тост со сирење што ќе ги воодушеви сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca Brisbane (@bianca_eats)


Сè што ви треба е леб, путер и избор на неколку сирења.

Оливер советува прво да се исечат две парчиња бел леб па секое парче да се премачка со путер загреан на собна температура. Потоа е потребно да се изренда сирењето по ваш избор и да се стави на лебот и добро да се стисне со другото парче.

Да го ставиме тостот на тавата на средно силен оган. Го печеме од секоја страна по три минути додека не добие убава, златна боја – советува Оливер.

Кога тостот ќе се испече, го поместувате од тавата, а во неа рендате слој сирење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)


Сега врз растопеното сирење го ставаме тостот и по минута и пол, тостот добива сосема поинаков вкус – додава славниот готвач.

Посипете го тостот со кајенска пиперка, свртете го на другата страна и тргнете го од тавата откако ќе добие крцкава кора од сирење.

За совршен вкус, оставете го да отстои две минути пред да започнете да го јадете – заклучи Оливер и ги воодушеви луѓето кои го споделија неговиот рецепт на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот