Еден човек загина во големите поплави во Австралија

Еден човек го загуби животот во поплавите во Сиднеј, во недела на екстремни дождови што ја погодија источно-австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Неидентификуван маж е пронајден заробен во неговиот автомобил во северозападниот дел на градот, се вели во полициското соопштение.

ВИДЕО I Илјадници лица евакуирани: Најголеми поплави во последните 60 години во Австралија

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан изрази сочувство во Парламентот, веднаш по утринската прес-конференција на која рече дека фактот што досега немало смртни случаи во овие поплави е „едноставно чудо”.

Повеќе од 40.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради поројните дождови што предизвикаа поплави, а властите денеска наредија нови евакуации за жителите на западните региони на Сиднеј.

Според локалните медиуми, околу 24.000 жители низ целата земја денеска сè уште се под наредба за евакуација, а 60.000 се во готовност за евакуација поради екстремните дождови на истокот на земјата.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека хеликоптерите ќе бидат подготвени да пренесат храна до супермаркетите, каде што има прекин во снабдувањето.

Голем дел од брегот на државата Нов Јужен Велс, каде живеат приближно една третина од вкупното 25-милионско население во Австралија, беше погоден од рекордни врнежи од дожд во март. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот