Еден Бразилец доаѓа во Барселона, друг си оди

Враќањето на Нејмар во Барселона е се поизвесно и според каталонските медиуми, реализацијата на трансферот е прашање на денови.
Фелипе Кутињо се согласил да се пресели во ПСЖ, додека Иван Ракитиќ се наоѓа во Париз за да ја слушне понудата од „светците“.

Барселона ги отвори картите и последната понуда е 70 милиони евра, плус Кутињо и Ракитиќ во замена за Нејмар кој по пауза од две години повторно би настапувал на „Камп Ноу“. Со пристигнувањето на Кутињо и на Ракитиќ, францускиот шампион би си ги решил сите проблеми со средниот ред и би му ја исполнил желбата на Килијан Мбапе кој треба да биде лидер на новиот тим.

Според весникот „Спорт“, враќањето на Нејмар во Барселона нема да влијае на трансферот на Антоан Гризман од Барселона. „Спорт“ пишува дека најдоцна до идната среда, Барселона ќе ја активира клаузулата и за 120 милиони евра ќе го донесе Французинот на „Камп Ноу“ и би се формирал пеколен квартет во нападот со Гризман, Нејмар, Лионел Меси и Луис Суарез.

Парите за трансферот на Гризман, челниците на Барселона планираат да ги обезбедат со продажбата на Осман Дембеле за кого најзагреан е Баерн Минхен и треба да издвои 100 милиони евра за услугите на младиот Французин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот