Еделман: ПЕНЗИИ ПОВЕЌЕ ЌЕ НЕМА, ЌЕ РАБОТИТЕ ДО СМРТ!

Рик Еделман, основач и извршен директор на „Edelman Financial Services“, една од водечките компании за финансиски советодавни услуги, верува дека концептот за пензија ќе исчезне наскоро.

Еделман наведува дека наскоро нема да има класичен редослед на настаните: ние сме родени, одиме на училиште, работиме, се пензионираме и умираме.

Очекуваниот животен век веројатно ќе се зголеми драстично, што значи дека може да живееме до 110 или 120 години. Нема да биде одржлива идејата да се пензионирате на возраст од 65 години. Имено, ако живееме 120 години и се пензионираме на 65 години, како ќе заработиме или ќе си дозволиме 50 или 60 години слободно време?“.

– Завршено е со идејата за пензија. Тоа беше иновација од 20-тиот век што не беше во 19-тиот век и нема да биде дури во 21-иот. Во иднина, ќе работите до 75-та, 85, 95 или 105-та година. Но, не се грижете поради тоа. Не е толку страшно како што звучи. Затоа што вие ќе сакате да работите – вели Еделман.

– Вие ќе сакате да работите од две причини. Прво, ќе бидете доволно здрави за да можете да го направите тоа. Вие ќе бидете здрави како стогодишни, како што сте денес се на 40 или 50 години, што значи дека ќе сакате да останете активни, како во работата, така и во заедницата – тврди Еделман.

– Второ, многу полесно ќе заработувате пари, благодарение на заедничката економија, краткорочните договори, идејата за работа со скратено работно време, работа преку Интернет и слично. Вие веќе нема да морате да работите 40 или 50 часа неделно и нема да мора да заработите 100 или 200 илјади долари годишно. Вие ќе можете да ги дополнувате вашите приходи од 20.000 до 40.000 долари годишно со тоа што ќе работите хонорарно и тоа што го сакате – објасни Еделман.

– Ние тоа сега го нарекуваме годишни одмори. Но, тогаш ќе ги имаме почесто. Значи, ќе одиме на училиште, ќе најдеме работа, а потоа ќе земеме неколку години одмор. Подоцна, повторно ќе одиме на училиште и ќе започнеме сосема поинаква кариера – објаснува тој.

– Ние ќе го сториме тоа во текот на целиот живот. Линеарниот концепт за вработување ќе исчезне. Наместо тоа, ќе има циклична линија на животот кој ќе го поминете низ учење, вработување и слободно време во текот на животот. Тоа ќе биде забавно и пријатно и исто така корисно за заедницата. Зошто неекој би имал проблем со тоа? – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот