Ед Ширан победи на суд, „Shape of You“ не е плагијат

Фото: Инстаграм

Познатиот пејач Ед Ширан се судеше со музичарот Сами Чокри кој тврдеше дека „Shape of You“ е плагијат на неговата песна „Oh Why“. Ширан и неговиот продуцент на неа годишно заработуваат пет милиони фунти.

Британскиот пејач Ед Ширан се спореше со уметникот Сами Чокри, кој е познат под името Сами Свич и неговиот музички продуцент Рос О’Доногју кој тврди дека одделни стихови од песната на Ширан премногу потсетуваат на стиховите во нивната песна „Оh Why“ од 2015 година. Тие го тужеа поради авторските права, а Ширан оваа песна ја издаде две години по нивната.

Ширан и неговиот адвокат тврдеа дека музичарот е „секогаш фер“ и дека никогаш претходно ја нема слушнато песната „Oh Why“.

Врховниот суд конечно пресуди во корист на Ед Ширан и утврди дека песната не е плагијат. Судијата Закароли наведе дека Ширан ниту свесно ниту несвесно ја копирал песната и дека постои голема веројатност тој воопшто да не ја ни слушнал таа песна пред да ја напише „Shape of You“, пишува BBC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот