ЕЦДЦ: Европа сѐ уште не го достигна врвот на епидемијата

„Сѐ уште е рано за укинување на сите мерки за физична дистанца”, се додава во извештајот.

Ковид-19 се уште се шири и убива голем број луѓе низ цела Европа, и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите од Европската агенција за превенција на болестите (ЕЦДЦ), пренесуваат британските медиуми.

Во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, се наведува дека бројот на мртви од сите прични, вклучувајќи го и Ковид-19, е поголем од очекуваниот и тоа во Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија , и тоа во најголема мера кај луѓе постари од 65 години.

И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до опаѓање на бројот на  умрени, во споменатиот извештај на Агенцијата се наведува дека „ во моментов нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата”.

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција од болести, Андреа Амон, изјави дека со оглед на постојните достапни докази може да се очекува натамошно континуирано ширење на вирусот,.

„Сѐ уште е рано за укинување на сите мерки за физична дистанца”, се додава во извештајот.

Овој извештај е во корелација со денешната изјава на директорот на СЗО за Европа, Ханс Круге, која кажа дека состојбата во регионот „ е многу загрижувачка”. Круге денеска од владите побара внимателно да го разгледаат  потенцијалното укинување на мерките со кои на граѓаните им се ограничува движењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот