ЕЦБ: Еврата безбедни – не пренесуваат корона

Евра/ Фото: ЕПА

Европската централна банка соопшти дека постои многу мал ризик од пренесување на корона вирусот преки банкнотите на Европа за разлика од другите предмети каде вирусот се задржува подолго време.

ЕЦБ спровела истражување во неколку европски лаборатории, според кои„корона вирусот може да се задржи на површината на нерѓосувачки челик како што се рачките на вратите десет до 100 пати подолго отколку на банкнотите од памучни влакна“, изјави претставник на банката, Фабио Панета.

– Друга анализа покажува дека вирусот потешко се пренесува на меки површини, како што се парите отколку кај мазни и тврди површини како што е пластиката, додава тој.

Неговиот заклучок е дека парите не претставуваат некоја голема опасност и ризик за инфекција во однос на други површини со кои луѓето се во допир секојдневно.

Панета не го спомена ризикот од пренесување на заразата преку кованици, кои се изработуваат од неколку метали, меѓу кои челик и цинк.

Централната банка на Кина, откако почна епидемијата со корона вирусот, соопшти дека ќе користи ултравиолетови зраци за дезинфекција на парите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот