ЕЦБ: Бугарија и Хрватска имаат уште работа пред да станат дел од еврозоната

Бугарија и Хрватска на 10 јули беа примени во Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ II).

Бугарија и Хрватска имаат уште многу да работат за  санирање на своите економии и за подобрување на своите институции пред еврото да стане национална валута, изјави денеска претсатвникот на Управниот одбор на Европска централна банка (ЕЦБ), Фабио Панета.

– Преземените реформи од двете држави нема да ги поправат сите дисбаланси и слабости со кои се соочуваат, потребен е поголем напредок во управувањето, нивната правна рамка и целокупниот квалитет на институциите, истакна Панета.

Бугарија и Хрватска на 10 јули беа примени во Европскиот механизам на девизен курс (ЕРМ II), при што во следните две години треба да имаат инфлација, како просечната инфлација во Европска Унија. А потоа најрано во во 2023 година можат да станат дел од еврозаоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот