ЕЦБ: Банките во третиот квартал ќе ги затегнат условите за кредити

Централната банка на еврозоната веќе ги намали клучните каматни стапки на рекордно ниво и воведе кризна програма за купување средства за да обезбеди ликвидност.

Корона кризата стави под клуч голем дел од економијата во еврозоната, па компаниите повеќе се потпираа на банкарските заеми за да останат ликвидни, а банките продолжија да ги снабдуваат со пари со клучна поддршка на програмите за државни гаранции.

Компаниите од еврозоната релативно лесно добиваа заеми во вториот квартал благодарение на владините гаранции, но банките очекуваат да ги затегнат условите за позајмување во третиот квартал, покажува истражувањето на Европската централна банка.

„Во третиот квартал од 2020 година се очекува банките во целина да ги затегнат условите за кредитирање на компаниите што е поврзано со очекуваното укинување на државните гаранции кај некои големи членки на еврозоната“, се вели во соопштението на ЕЦБ.

Централната банка на еврозоната веќе ги намали клучните каматни стапки на рекордно ниво и воведе кризна програма за купување средства за да обезбеди ликвидност. На банките исто така им понуди екстремно поволни заеми за да обезбеди континуирано кредитирање на реалната економија во услови на криза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот