Ечи турбо-фолк во Денвер, на тренингот грми песна на Џеј (ВИДЕО)

фото: твитер

Екипите во НБА лигата добија зелено светло од оваа недела да се вратат на тренинзите по пауза од два месеци поради пандемијата на коронавирусот.

Атмосферата кај сите екипи е на високо ниво, но никјо не може да се мери со Денвер нагетс и шоуто кое им го приреди првата ѕвезда на екипата, Никола Јокиќ.

Кондицискиот тренер на Денвер, Фелипе Ајхенбергер кој го направи видеото, имаше индивидуален тренинг со словенечкиот кошаркар Влатко Чанчар кога одеднаш од звучниците почна да ечи песната „Угасила си ме“ од Џеј Рамадановски, а ди-џеј беше токму Јокиќ кој е задолжен за добрата атмосфера во тимот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот