На градскиот плоштад во Скопје денеска во попладневните часови ечеше турбо-фолк музика во живо од засега непознат изведувач.
Љубопитните минувачи дури застануваа да го слушнат и видат изведувачот кој интерпретираше турбо-фолк хитови од деведесеттите години.
Инаку деновиве на плоштадот во нашиот главен град се случува традиционалниот настан „Винтерленд“, но барем во минатите години не сме биле сведоци дека има изведувачи на овој тип музика.
Од градот Скопје велат дека не знаат што се случува на плоштад, дека ќе проверат па ќе нè информираат.
Погледнете: